Свет
5. October 2017 - 21:49

Драма во Германија: Невремето однесе најмалку четири лица, властите молат да не се излегува од дома

Најмалку четири лица загина, а десетина се повредени во невремето што го зафати северниот и источниот дел на Германија, уривајќи дрва и предизвика прекин на сообраќајот.

Властите во Хамбург претходно ги предупредија жителите да не ги напуштаат своите домови.

Поради невремето откажани се летови од берлинските аеродроми Тегел и Шенефелд. Исто така, откажани се и неколку меѓународни летови од аеродромите во Бремен и Хановер.

Германската железничка компанија „Дојче бан“ соопшти деке е во прекин железничкиот сообраќај во северните провинции Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и Бремен, како и во Хамбург.

„Дојче бан“ ги откажа и возовите на подолги релации од и за главниот град на Германија, Берлин, каде ветерот достигна брзина од 120 километри на час. 

Според Германската метеоролошка служба бурата може да достигне јачина на урагански ветер.