Свет
7. July 2016 - 17:49

Драма во Франција: Експлозии во болница, евакуација на пациенти

Во болница на југот од Франција одекнале две експлозии, по што пациентите итно се евакуираат.

По експлозиите во болницата се појавил пожар, а на социјалните мрежи и првите фотографии од немилиот настан.

francija bolnica1

Локалните власти предупредуваат луѓето да го избегнуваат подрачјето околу болницата за да не им пречат на спасувачките служби.

Како што пренесуваат француските медиуми, во болницата експлодирале две боци со гас. Неколку пожарникарски возила се на лице место, а локалните медиуми јавуваат дека на неколку метри од болницата се пронајдени плински боци за кои се претпоставува дека се причина за експлозиите.

Боците биле полни со ацетилен – гас кој се користи како гориво. Медиумите наведуваат и дека експлозиите се случиле во зградата на болницата каде се наоѓала пералната.