Балкан
13. јуни 2017 - 10:22

Драма во Егејската област: Турски ловци 5 пати влетаа во грчкиот простор, еве како одговори јужниот сосед

Три турски авиони пет пати го нарушија грчкиот воздушен простор на североистокот и југоситокот на егејскиот брег.

Два турски Ф 16 борбени авиони и хеликоптер го нарушија воздушниот простор на Грција, а нив ги пресретнаа грчки авиони и ги испратија до границата.

Како што се наведува, Турција го зајакна своето присуство во Егејската област последните недели поради повремените немири во земјата, но и поради плановите на Кипар во текот на летото да врши ископување на јаглероводовод од морето.