Драма во домот на Ана Николиќ: Брзата помош ја спаси бремената пејачка
-Дојдете итно! На мојата пријателка не и е добро, исплашена е - гласел повикот кон една приватна клиника кој го упатила другарката на пејачката.
На Ана Николиќ и се слошило вчера кога слушнала дека нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриѓ Раста учествувал во тепачка, поради што и скокнал притосокот, па морала да интервенира Итната помош.
Српски Курир пишува дека пријателка на пејачката минатата вечер околу 21 часот итно се јавила во една приватна клиника, им дала адреса и им рекла итно да дојдат зошто на нејзината пријателка која е во седмиот месец од бременоста и се слошило. Пејачката имала висок притисок и тоа најверојатно како последица од стресот.
Главоболка
-Кога нашата екипа стигна кај Ана во станот, таа седеше во дневната соба и друштво и правеше пријателката која ја повика нашата клника. Ана ни рече дека од попладневните часови чувствува главоболка, дека е бремена во седмниот месец и дека затоа дополнително е исплашена. Веднаш и измеривме притисок, кој и беше многу висок - 174 со 98! Како што самата рече, никогаш немала повисок притисок од 110 со 80. Не ми делуваше како да е испаничена, инако ни рече дека утре ќе му се јави на својот лекар, зошто не сакал ништо да ризикува поради бременоста, вели соговорник.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово