Македонија
19. јуни 2016 - 13:03

Драма во Чаир: Им рекле: „Ви ли женско ќе тепате“ и ги масакрирале

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните И.Р. (19) и Р.Р. (53) осомничени за кривично дело „насилство“ и на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Како што информира МВР, тие на 15 јуни околу 21.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во скопски Чаир дошле пред домот на оштетениот кој им ја отворил влезната врата и стоел заедно со таткото.  Двајцата почнале  физички да го напаѓаат откако претходно И.Р. му се обратил со зборовите „вие ли женско ќе тепате“. Првопријавениот нападнал со дрвена палка и нож, а второпријавениот во раката имал чекан.

- И.Р. со нож му нанел неколку рани на оштетениот (татко) во пределот на градниот кош и абдоменот по што овој бил повлечен внатре од страна на неговиот син. Откако оштетените ја заклучиле вратата, И.Р. и Р.Р. искршиле парчиња стакло од влезната врата. Сторителите непосредно по извршување на кривичното дело, биле затекнати на местото на настанот и лишени од слобода од страна на полициски службеници од станицата Бит-пазар, информира МВР. 

Оштетениот (татко) е во животно загрозувачка здравствена состојба и задржан на КАРИЛ во Ургентниот центар-Скопје поради тешки телесни повреди - три убодни рани во градниот кош од левата страна и три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна. Кај неговиот син, пак, се констатирани телесни повреди во вид на гребаници и исеченици  во пределот на глуждот од левата нога.

Дежурен јавен обвинител излегол на местото на настанот и увидот го препуштил на увидна екипа од ЕУМНА при СВР Скопје.