Драма во центарот на Белград, пукал во поранешните колеги па се обидел да се самоубие | Сител Телевизија
Loading Video...
Балкан
12. March 2018 - 16:36

Драма во центарот на Белград, пукал во поранешните колеги па се обидел да се самоубие

30- годишен програмер упаднал  во фирмата во која што работел до пред неколку дена и почнал да пука кон тројца поранешни колеги.

Во напaдот еден загинал, друг завршил со тешки повреди, а третиот се спасил скокајќи од прозорец од висина од околу 10 метри.

По крвавиот поход , напаѓачот избегал од фирмата сместена на улицата Рузвелтова во центарот на Белград.

Подоцна полиција го пронашла во неговиот дом во близина на местото на злосторстватото со тешки повреди.

Тој се обидел да се самоубие, соопшти полицијата.  Се претпоставува дека  напаѓачот решил да се одмазди за добиениот отказ од работното место.