Македонија
29. July 2018 - 12:17

Драма во Битола: Заминала на прослава со колегите, а таму го сретнала поранешниот сопруг, по неколку часа доживеала пекол

Забавата со колегите на 44-годишн  битолчанка и се претворила во пекол откако се сретнала со поранешниот сопруг во кафеана. Како што информираат од полицијата, вчера во 00,20 часот Н.Н.(44) пријавила дека на 27.07.2018 година околу 15,00 часот додека била заедно со нејзините колеги на прослава во ресторан во Битола каде бил присутен и нејзиниот поранешен сопруг М.Г., и пред крај на прославата М.Г. физички ја нападнал Н.Н. удирајќи ја со шлаканици, по што пријавителката повикала такси возило и си заминала во нејзиниот дом. После половина час М.Г. заѕвонил на вратата од домот на Н.Н. и откако отворила тој веднаш физички ја нападнал пришто и се нанесени тешки телесни повреди. М.Г. продолжил да и упатува закани по нејзиниот живот, а почнал да ја крши и покуќнината по што од страна на соседите била повикана полиција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.