Македонија
7. February 2017 - 14:20

Драма во Битола: Им влегол дома со нож, сакал да ги заколе

Вчера околу 19.30 часот во Битола на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ во куќата на Б.С. (25) непознат сторител извршил насилство над него, неговиот татко, неговиот чичко и неговиот зет.
 
Сторителот со нож на Б.С. му нанел телесна повреда во пределот на бутот констатирана во Клиничка болница Битола.
 
Откако бил совладан сторителот и му бил одземен ножот, истиот се упатил во кујната и се обидел да земе друг нож, но откако не успеал скокнал низ прозорецот од дневната соба и побегнал во непознат правец.
 
За време на настанот биле присутни и тројца малолетници кај кои било предизвикано чувство на страв и несигурност.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.