Балкан
13. October 2017 - 12:47

Драма во Бања Лука: Мажот ја застрела сопругата, па се самоуби

Едно лице загина, а едно е повредени во пукање во бањалучката населба Борик, објавија медиумите.

Како што потврдија во полиција, мажот ја ранил својата поранешна сопруга, па се убил.

Марија Маркановиќ, портпарол на Полициската управа Бања Лука рече дека увидот е во тек и ги утврдуваат сите околности.

Пукањето денеска околу 10.50 часот се случило во станот во улицата Реља Крилатица во овој град.

-Од здобиените повреди едното лице починало, а другото со повреди е пренесено во Клиничкиот центар, наведе Маркановиќ.