Живот
6. October 2015 - 11:17

Драма во авион: Пилот умрел во текот на летот

Авион на американската компанија во која имало 147 патници морал итно да слета на аеродромот во Љујорк зошто пилотот иремл во текот на летото.

Авионот А320 со 147 патници и пет членови на екипажот летал од Феникс за Бостон, а успешно бил приземјен од страна на копилотот.

На снимките од комуникацијата со контролата на летање може да се слуше како некој од кокпитот говори дека „пилотот не е способен“ и дека повеќе не дише/

-Многу сме потресени поради трагедијата и се фокусиравме на грижата за неговото семејство и колегите, порачаа од Американ Ерлајнс.

Една од стјуардесите по занимање медицинска сестра, се обидела да му помогне на пилотот, но му немало спас.

Обдукацијата ќе покаже точно од што починал.