Свет
21. September 2019 - 13:32

Драма во авион над Атланта: Пропаднал 9.000 метри за 7 минути, очајните патници врескале од страв

Патниците кои со авион на компанијата „Делта ерлајнс“ патувале од американскиот град Атланта во сојузната држава Џорџија за Форт Лодердејл на Флорида искусија седум минути чист страв кога авионот во текот на летот „пропаднал“ речиси 9.000 метри.

Авионот во средата бил на половина пат до конечното одредиште кога од височина од 11.890 метри за нешто помалку од седум минути нагло се спуштил на нешто повеќе од 3.000 метри.

 
„Одеднаш почувствував нешто што личеше на брз пат. Почнавме да паѓаме и маските со кислород испаднаа. Настана хаос меѓу патниците. Една стјуардеса постојано повторуваше да не паничиме, меѓутоа ситуацијата беше многу напната. Многу патници околу мене забрзано дишеа“, рече патникот Харис де Воскин за ВФТС.
 
Тој рече дека од авионот на жената и на семејството му јавил дека се случуваат „некои страшни работи“.
 

Портпаролот на компанијата „Делта ерлајнс“ рече дека летот е пренасочен во градот Тампа на Флорида поради мерки на безбедност и таму слетал без никакви проблеми. Како што истакнал, пренасочувањето дошло поради „неправилности кај одржувањето на воздушниот притисок во авионот“.