Македонија
26. October 2017 - 13:02

Драма во аптека во Прилеп: Возрасен маж под закана со нож барал седативи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавениот на 18. овој месец во Прилеп во аптека со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција.

После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.