Македонија
23. October 2018 - 13:02

Драма во Аеродром: Жена се породила дома, го оставила бебето и исчезнала

Бремена жена се породила во својот стан на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во скопски Аеродром, по што изчезнала, сведочат нејзини соседи. Во зградата во моментов има полиција и брза помош која го нашла новороденчето.

Бебето, според неофицијалните информации, е живо згрижено од службите по што ќе се испитува неговата здравствена состојба. По мајката се трага.

(извор – iportal.mk)