Џет-Сет
21. May 2017 - 9:35

Драма среде настап: Пинк ѕвездата падна од бина и го повреди рбетот

Пинковата ѕвезда Дијана Хазировиќ имаше мал пех предминатата вечер на настапот во еден клуб во Будва. Таа на проба пред свирката паднала и го повредила рбетот.

-Добро се удрив и целиот настап ми одеше мали отежнато, зошто цело време имав болки во грбот, откри Дијана.

За среќа, повредата не била толку сериозна за да ги прекина настапите. Таа и вечерва ќе настапува.

Инаку Дијана беше суперфиналист на минатата сезона на „Пинкови ѕвезди“. Таа денеска е посебно популарна во Црна Гора каде има најмногу настапи.