Македонија
17. December 2018 - 10:32

Драма на скопскиот аеродром: Тетовец наместо во странство спроведен во затвор

Вчера во 13,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром Скопје“, на излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Ш.А.(30) од село Копачин Дол, тетовско евидира со мерка апси по барање од Основен Суд Тетово.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Скопје, за спровод до КПУ-Затвор Тетово.