Македонија
8. February 2019 - 11:00

Драма на Шапка: Ноќеска се пронајдени двајцата скијачи што се изгубиле кај Лисец

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С, вчера околу 19 часот и 30 минути, во полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.

Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Заедно со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места и ноќеска околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа  пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови, информира МВР.