Живот
17. јуни 2017 - 22:00

Драма на роденденот на кралицата: Гардист се онесвести среде церемонија, никој не реагираше

Во Велика Британија денеска официјално се слави роденденот на Кралицата Елизабета Втора, а таа во оваа прилика рече дека по неодамнешните терористички напади кои ја потресоа земјата, забележува дека Британија и народот се во тажно расположение.

Таа на 21 март наполни 91 година, а денеска традиционално на втората сабота во јуни се прославува нејзиниот роденден ширум светот.

Foto: Tanjug/AP

Оваа година дојде до неочекувана ситуација при изведувањето на главната церемонија. Имено, додека кралицата заедно со семејството присуствуваше на спектаклот организиран во нејзина чест, се случи незгода.

Foto: Tanjug/AP

Еден од војниците се онесвести поради големата жештина.

Она што обичен човек би направил, е ми притрчал и би му помогнал на несреќното момче, но овде не беше случај.

Откако падна на земја, никој не покажа експресија, ниту загриженост, па дури и движењата на неговото тело не покажуваат дека нешто ги вознемирило. Собраните само немо набљудуваа што се случило, прашувајќи се дали гардистот е воопшто жив.

Двајца војници достоинствено му пријдоа на онесвестениот и со носила го тргнаа на страна.

Foto: Tanjug/AP

Велика Британија овие денови е под влијание на топлотен бран и температураите стигнуваат и до 30 степени, што не е вообичаено за Англија.

Погледнете го видеото: