Македонија
7. August 2018 - 14:35

Драма на патот кај Тетово - додека возел одеднаш слушнал силен удар

Драма на патот кај Тетово, заталкан куршум оштети автомобил. Според информациите на полицијата, вчера во 22:50 часот во Полициската станица Тетово, Р.М. (42) од село Теарце, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 22:20 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со швајцарска национална ознака по регионалниот пат Тетово-село Јажинце, слушнал силен удар во пределот на кровот. Кога излегол од возилото забележал дека е оштетено од заталкан проектил од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.