Џет-Сет
28. July 2018 - 18:46

Драма на пат: Жељко Јоксимовиќ тргнал на настап, па доживеал непријатност

 Еден од најпопуларните пејачи на српската естрада, Жељко Јоксимовиќ доживеа непријатност во Црна Гора, а драмата траела неколку часа.

Имено, кога бил на влезот во Будва, членовите на бендот му јавиле дека се расипало комбето, а Јоксимовиќ веднаш го свртел автомобилот и отишол кај нив, како би им прискокнл на помош. Им однел храна и вода и со нив на патот чекал да стигне ново возило.

Жељко од Белград тргнал во Црна Гора поради закажани настапи, а пред самиот влез на Будва му јавиле дека музичарите имаат проблем.

-Жељко скоро стигнал со автомобилот на приморјето, кога му се јавиле музичарите и му објасниле дека им се расипало комбето кај Мојковац и дека ќе доцнат. Јоксимовиќ не сакал членовите на бендот да ги остави сами, туку се вратил назад за да и помогне на екипата. Им донел вода и храна. Чекал со нив додека не стигнало новото комбе од Белград. Неколку часа биле на патот, но како музичарите се духовити, се шегувале, па времето брзо им минало. Стигнале пред самиот концерт, но тоа не ги спречило да направат спектакл. Целиот пат на Жељко траел околу 20 часа, но на него не му било грижа за тоа и единствено што сакал е да им помогне на колегите -раскажал извор близок на пејачот.