Македонија
20. August 2015 - 13:53

Драма на Партизанска: Со секира го удрил во глава

Синоќа во Штип на улицата Партизанска се одвивала вистинска драма околу 21 часот кога 37-годишниот М.К. 42-годишниот М.А. и 15 годишно малолетно лице физички го нападнале 40-годишниот Е.Д.

Според податоците, малолетникот со тапиот дел од секира го удрил во пределот на главата по што паднал во бесознание. Истиот со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. По превземени мерки двајцата осомничени се приведени и со истите е извршен разговор, додека по М.А. се трага.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.