Свет
2. February 2018 - 14:14

Драма на небото над Франција - се судрија два хеликоптера, има мртви

Најмалку пет луѓе загинаа при судир на два воени хеликоптера во близина езерото Карсе, јужна Франција.
 
Судирот се случил помеѓу два хеликоптера за обука на војници.
 
- Во леталата имаше по три члена на екипажот. Телата на пет жртви се пронајдени, а уште еден член на екипажот останал заглавен под остатоците од хеликоптерот.
 
Истрагата за судирот на хеликоптерите е во тек.