-->
-->
Драма на небото: Авион морал принудно да слета, 53 лица повредени
-->
Вкупно 53 лица беа повредени денеска, од кои еден посериозно, при принудно слетување на авион на компанијата „Сауди Ерлајнс“ во саудискиот град Џеда.
Авионот од типот „Ербас А330“ полетал од Медина кон главниот град на Бангладеш, Дака, со 140 патници и 10 членови на екипажот, но пилотите набрзо воочиле проблем во хидрауличниот систем, соопшти Бирото за истраги во цивилното воздухопловство на Саудиска Арабија.
- Патниците беа евакуирани. Педесет и двајца од нив се полесно повредени, а една патничка има неколку фрактури и во моментов добива медицинска нега, соопшти Бирото.
За случајот е започнат истрага. Според саудиските медиуми, авионот долго време кружел над аеродромот во Џеда пред да го изврши принудното слетување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници