Балкан
21. October 2019 - 11:22

Драма на Крит: Тинејџерка 12 часа се бореше со брановите, ја пронајдоа рибари кои едвај го слушнале нејзиниот глас

Една девојка (18) на Крит паднала во море обидувајќи се да ја дофати торбата која и паднал во вода.

Околината на Агиос Николаос е каменеста, па тинејџерката се лизнала и паднала во вода, а потоа ја одвлекле силната струја и брановите.

Повеќе од 12 часа поминала во вода борејќи се со брановите.

Двајца рибари сосема случајно ги слушнале нејзините повици за помош. Биле оддалечени околу 2,5 наутички милји од брегот, ги изгаснале моторите и почнале да рибарат кога слушнале слаб глас како довикува: „Мамо, мамо!“

Прво мислеле дека гласот доаѓа од брегот, а потоа помислиле дека во близина има некој чамец со бегалци и мигранти.

„Беше исклучително тешко да се забележи малечката глава во темнината, во мрачното море“, рече Гиоргос Саридакис, еден од рибарите, опишувајќи како успеале да ја пронајдат тинејџерката.

„Звукот на моторите го отежна следењео. Не можев да слушнам, па го гасев моторот на секои 10 секунди и внимателно се движев кон гласот за да не ја удрам со пропелерот“, раскаажа тој.

Ја барале 15 минути, но на крајот конечно ја забележале и ја извлекле од водата.

Девојката во состојба на шок е префрлена во болницата во Агиос Николаос. Нејзините родители тој ден ги алармираат властите и ја прогласија својата ќерка за исчезната.

„Спасувањето на човечки живот е најдрагоцената работа“ - рече Саридакис додавајќи: „Се се случува со причина, тоа е низа на настани кои ме одведоа во одредено подрајче во вистинско време“.