Македонија
30. July 2019 - 23:17

Драма на Ќафасан, албански државјанин проголтал дрога пред цариниците, итно префрлен во болница во Струга

Вчера околу 22,00 часот на ГП-Ќафасан на влез во Република Северна Македонија, при контрола на патничко моторно возило „Пежо“ со албански регистарски ознаки, управувано од албанскиот државјанин A.H.(45), а сопатници во возилото биле A.А.(24) и Л.К. (29), од царински службеници извршен е преглед на возилото и во футрола за наочари пронајдена е бела материја, пo што во просториите на царина на ГП-Ќафасан А.Н. ја земал и ја проголтал.

Лицето е префрлено во Медицинскиот центар во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.