Македонија
31. October 2019 - 15:04

Драма на КАРИЛ: Медицинска сестра фатила вработен како зема мито и била нападната

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување деновиве медицинско лице сведочело на момент во кој колега, вработен во Болницата зема мито, јавува Курир.

Митото го земале од роднини на починат пациент на Одделот за интензивна нега, иако од Клиниката официјално не коментираат.

-Станува збор за крајно невообичаена ситуација зошто се се претвори во судир и физичка пресметка помеѓу вработени. Често роднините знаат да замолат за некоја ситна работа, но вработените знаат да негодуваат се со цел да им биде понудена некоја сума. Овој случај резултираше со пресметка со вработената и затоа беше повикана и полицијата, вели извор на порталот Курир.

Вработени во Кампусот клиники Мајка Тереза гневно реагираат дека не може да се премолчуваат вакви работи.

-Доколку премолчуваме вака ќе не тепаат и пациенти, а еве веќе гледаме и случаи на меѓусебни пресметки. Но, исплашени сме за работата, коментира вработен во Кампусот.