Македонија
6. January 2018 - 11:33

Драма на бадникарски оган во скопско: Со возило поминал низ огнот и прегазил две лица

И.П. од село Кучевиште синоќа околу 1:40 часот во скопско Мирковци на место каде по повод Бадник имало запалено оган на кој биле присутни повеќе граѓани, им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази.

- Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од Мирковци. И.П. избегал во непознат правец, информираат од полицијата.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.