Македонија
4. September 2018 - 10:31

Драма на автопатот Табановце - Куманово: Се запали шкода на полски државјани и целосно изгоре

Вчера околу 18.00 часот на автопатот Табановце- Куманово, при движење настанал пожар во предниот дел на патничко возило „Шкода Фаворит“ со полски регистарски ознаки, управувано од В.П.С.(31), во кое како  сопатници се превезувале уште три лица – државјани на Република Полска.

Возачот застанал и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат пожарот, но тој се проширил и возилото целосно изгорело.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид на местот на настанот извршила екипа од СВР Куманово.