Живот
4. March 2016 - 10:45

Драма на автопат: Експлодираше камион, возачот за малку ќе изгореше

Возачот на камионот во последен момент е извлечен од кабината за да не изгори жив.

На интернет се појави снимка на која се гледа како возач од еден камион наеднаш губи контрола над возилото и удира во банкина на автопатот. Веднаш по ударот камионот експлодираше, а храбрите граѓани веднаш ги запреа своите автомобили за да му помогнат на човекот да не изгори жив во камионот.

Снимката е од Њу Џерси. Момчињата кои ја снимиле оваа неверојатна несреќа успеале да го извлечат возачот од кабината кој со тешки изгореници е префрлен во болница.