Македонија
12. August 2018 - 12:01

Драма кај Радожда, деца откопале граната на плажа

Вчера околу 11 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од село Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во село Радожда.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.