Македонија
15. May 2019 - 19:09

Драма кај Катлановска Бања: Со секира му го удрил моторот, кога се вратиле ги чекал со нож

Вчера попладне во СВР Скопје, Ф.С. (17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира.

Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот. После тоа, исто така според пријавата, Ф.С. избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.