Кошарка
18. September 2017 - 8:13

Драгиќ МВП на шампионатот

Капитенот на Словенија Горан Драгиќ го доби признанието МВП на шампионатот. Тој е дел и од најдобрата петорка, а покрај него се уште неговиот соиграч Лука Дончиќ, Шпанецот Пау Гасол, Србинот Богдан Богдановиќ и Русинот Алексеј Швед.

Швед беше и најдобар стрелец на првенството со 24.3 поени по натпревар, додека Литванците Валанчиунис и Каленитис беа најдобар скокач (Валанчиунис - 12.0 по натпревар) и асистент (Калнеитис - 7.2).