Џет-Сет
17. March 2017 - 12:33

Драгана Мирковиќ непрепознатлива: Фолкерката во сосема поинакво издание

Драгана Мирковиќ е една од оние госпоѓи на српската естрада која е секогаш дотерана и дамски облечена.

Но овој пат на социјалните мрежи Драгана се појави во сосема поинакво издание од она на кое сме навикнале.

Имено, пејачката одлучи да сними дует со Данијел Ѓокиќ, а ако се суди според фотографијата од шминкерницата, ќе биде тоа нешто потполно ново.

Драгана за оваа прилика го смени имиџот, а таа и нејзината екипа се воодушевени, што се гледа по нивните насмевки.