Македонија
31. January 2018 - 13:37

Драган Спасов-Дац поднесе оставка од директор на МНТ

Вршителот на должноста директор на НУ Македонски народен театар Драган Спасов-Дац денеска си поднел оставка од функцијата, информира Министерството за култура.

Според МВР, синоќа во 19:20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје, Спасовски со патничко возило БМВ удрил во пешакот Е.Ц.(27). Девојката е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.

Од Владата претходно информираа дека Министерството за внатрешни работи и сите органи детално ќе ја истражат и ќе ги објават наодите за сообраќајната несреќа на директорот на МНТ Драган Спасов - Дац.

- Во однос на сообраќајната несреќа која се случи вчера Министерството за внатрешни работи и сите останати органи ќе го истражат настанот детално  и во најкраток можен рок сите наоди ќе и бидат презентирани на јавноста веднаш. Во секој случај Владата на РМ  смета дека секој мора да понесе одговорност согласно законите. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опасност друга личност, за среќа во случајов без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција за одлуките од редовната седница на Владата.