Драган Спасов-Дац поднесе оставка од директор на МНТ
Вршителот на должноста директор на НУ Македонски народен театар Драган Спасов-Дац денеска си поднел оставка од функцијата, информира Министерството за култура.
Според МВР, синоќа во 19:20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје, Спасовски со патничко возило БМВ удрил во пешакот Е.Ц.(27). Девојката е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.
Од Владата претходно информираа дека Министерството за внатрешни работи и сите органи детално ќе ја истражат и ќе ги објават наодите за сообраќајната несреќа на директорот на МНТ Драган Спасов - Дац.
- Во однос на сообраќајната несреќа која се случи вчера Министерството за внатрешни работи и сите останати органи ќе го истражат настанот детално и во најкраток можен рок сите наоди ќе и бидат презентирани на јавноста веднаш. Во секој случај Владата на РМ смета дека секој мора да понесе одговорност согласно законите. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опасност друга личност, за среќа во случајов без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција за одлуките од редовната седница на Владата.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски