Драган ја фатил сопругата со колега црнец, она што го направил ги шокирало сите
Триесет и осум годишниот Драган Секулиќ осуден е во американската сојузна држава Охајо на доживотен затвор поради убиство на поранешната сопруга Жељка (37), кое се случило на 9.12. минатата година во Масилон.
Драган ја убил со 15 куршуми од пиштолот на брат му, кој го зел од неговата гаража, испукал рафал во Жељка па потоа се каел, но тоа не влијаело на судот, кој му го скратил правото да бара помилување, а поради претходните обвинувања за семејно насилство, на доживотната казна му е додадено уште 14 години затвор.
Драган признал дека пукал во неа, но тврдел дека нема намера да ја убие. Како што навел, пукал во афект, бидејќи дознал дека е во врска со колега, а бидејќи се работи за црнец, „имал прекин на филмот во глава“.
Поранешниот сопруг тоа утро ја пречекал на паркингот пред Центарот за рехабилитација „Асторија“, каде што работела како медицинска сестра и и испукал три куршуми во глава, а остатокот во тело, па со изнајмено возило се обидел да избега кон аеродромот.
Инаку, Драган со семејството од БиХ избегал во Србија, каде ја запознал Жељка па во САД емигрирале во 2002. година. Во бракот добиле две ќерки, кои сега имаат 9 односно 13 години.
Минатото лето се раздвоиле, а Жељка, наводно, набрзо после тоа започнала нова врска. Само две недели пред планираниот злочин се обидел да ја убие така што со камион го избуткал нејзиниот автомобил во канал.
Тогаш е пуштен со кауција од 100.000 долари и му е забранет контакт со поранешната сопруга, А пријателите на Жељка, кои сведочат за злоставувањето, раскажале дека таа, иако преплашена, се вратила на работа поради финансиски причини. Недолго пред смртта, му пратила порака на новиот љубовник, во која напишала дека мисли дека поранешниот сопруг сака да ја убие.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО