Балкан
15. February 2016 - 8:55

Драган Човиќ во име на БиХ ќе го предаде барањето за членство во ЕУ

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган ЧŒовиќ‡ во име на земјата денеска на министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, ќе му го предаде барањето за ч ленство во Европската унија, најавено е од Претседателството на БиХ.

Свечената церемонија на предавање на барањето на Босна и Херцеговина за ч ленство во Европската унија на холандскиот претседавач со Советот на Европската унија, ќе се одржи во Брисел, пренесува агенцијата Фена.

На све ченоста ќе присуствуваат и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и комесарот за европска политика, соседство и преговори за проширување Јоханес Хан.

По свечената церемонија ЧŒовиќ‡ ќе има одвоени средби со Јоханес Хан, како и со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, наведува Фена.