ДПМ ќе одбележи 85 години од раѓањето на Анте Поповски
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе ја одбележи 85-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски писател и академик Анте Поповски.
На средбата во ДПМ ќе бидат промовирани избраните дела – есеи на Поповски, како и негови есеи кои прв пат ќе бидат претставени пред литературната јавност.
За карактеристиките и вредностите на овој помалку познат дел од творештвото на Анте Поповски, ќе зборува д-р Кристина Николовска. Фрагменти од есеистичкиот опус на Поповски ќе чита актерката Софија Гогова, а модератор на културниот настан ќе биде Александра Велинова.
Анте Поповски (1931 – 2003) со својот богат и разновиден творечки опус остави длабоки траги во една цела епоха од развојот на македонската литература. Неговите поетски книги „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Сина песна“, „Света песна“ и „Две тишини“ одбележуваат еден од врвовите на македонското поетско творештво.
Анте Поповски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година. Во еден мандат беше претседател на македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно