ДПА: Само се дислоцираат проблемите со патната инфраструктура во Тетово
Пробивањето на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ во Тетово само го дислицира проблемот со сообраќајот во градот, обвинија од Комисијата за транспорт и врски при Демократската партија на Албанците на денешната прес-конференција. Сообраќајниот метеж според нив се должи и на нессодветни постапки на другите булевари.
-Главно функционално решение би било продолжување на булеварот до Порој. Мора да споменеме дека тоа што не се контролираат дивоградби овозможи изградба на згради на оските на булеварите како на „Илинден” со што е спречено нивно продолжување. Иста е проблематиката со булеварот Благоја Тоска, изјави Земри Асани од ДПА.
Асани посочи дека ДПА реализирајќи делови од нивната платформа ќе реши многу проблеми од инфраструктурата.
-Во албански населби да се инвестираат разумни буџетски средства,завршување 8-ми паневропски коридор, автопат Скопје-Блаце, патна инфраструктура и водоводи во рурални општини, гасификација, рече Асани.
Нивни инфраструктурни предлози се и намалување на 30 отсто на телекомуникациски услуги.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација