Дозвола за колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема за Екон Електрон
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска на компанијата Екон Електрон ДОО и додели дозвола за колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема.
Ова е четврта дозвола што Министерството за животна средина и просторно планирање ја издава на колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема во Македонија. Досега дозволата ја имаат Нула Отпад од Скопје, Ел Колект ДОО увоз-извоз и Електро Еко Систем.
- Ќе продолжиме во оваа насока за да можеме да придонесеме за почиста животна средина за нас и за сите наши поколенија, рече Изаири.
Панче Ангелов, управителот на Екон Електрон појасни дека фирмата е колективен постапувач, основана Горење, Сетек, АгроТехна и Римеко кои, како што рече, како општествено одговорни компании се здружија заедно со цел управување на отпадот од електрична и електронска опрема.
- До крајот на годината планираме да отвориме околу 50 собирни места и два собирни центри низ цела држава, во рамки на објектите на нашите основачи, рече Ангелов. Ирази надеж дека наредниот период заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжат со имплементација на Законот за отпад на електрична и електронска опрема.
Го поканивме министерот на отворање на првото собирно место, а и на предавањето на дозволата за работа на Екон електрон.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот