Живот
17. November 2016 - 14:04

Дознала дека има рак па го молела да ја остави, продолжението од приказната многумина расплакало!

Само по еден месец од првиот состанок со момчето кое и се допаѓало, дознала дека има рак на дојката. Лекарите и рекле дека нема долго да живее, па го молела да ја остави. Наместо тоа тој се оженил со нејзе. 

Даун Бургс морала да ги отстрани градите и матката, Стивен Вилсон бил со нејзе низ текот на целата четиримесечна хемотерапија. Кога почнала да ја губи косата, и ја бричел главата. Девет месеци после првиот состанок Стивен клекнал пред нејзе и ја запросил а Даун се согласила, пишува Деили Меил.

"Со него се чуствувам поубаво отколку со било кој друг", додавајќи дека сфатилa дека може да му го довери целиот свој живот. Даун сепак на крајот успеала да го победи ракот со помош на Стивен. 

"Кога ми рече дека ќе остане со мене, знаев дека тој е вистинскиот за мене. Тој е мојот ангел чувар".