Дознајте што значат еротските сoништа?
Сте сонувале ли некогаш како водите љубов со вашето поранешно момче или пак со вашиот пријател или шеф? Сте се разбудиле ли збунети и со помисла зошто го сонувам тоа?
Дознајте што значат дел од вашите еротски соништa:
Секс со поранешно момче
Ваквиот сон најчесто сака да ве упати кон некој нерешен детаљ од вашето минато. Најдобро е отворено да разговарате со бившото момче и да ги решите сите работи кои ве мачат. Не мора да значи дека таа личност ви недостига, туку само среќните моменти со него. Можеби ви недостасуваат близината што сте ја имале со него и неговите карактеристики поради кои сте се заљубиле во него. Затоа соберете храброст, јавете му се и расчистете ги работите кои ве мачат.
Секс на јавно место
Ваквите соништа означуваат дека сакате да бидете поотворена и искрена за некоја важна област од вашиот живот. Понекогаш овие соништа имаат и значење дека се плашите дали околината ќе го прифати вашиот партнер.
Секс со пријател
Во вистинскиот живот не ви ни паѓа на памет да го сторите тоа, но зошто ви се појавува на сон? Тоа значи дека имате потреба за пријателство и поддршка. Или пак, ваквиот сон може да означува восхит за некоја особина која таа личност ја поседува па сакате и вие да ја поседувате истата.
Секс со славна личност
Или премногу и се восхитувате на оваа славна личност или сакате да имате живот како нејзиниот. Можеби имате потреба од малку гламур и возбудливост во животот и сакате другите да ви се восхитуваат и да ве почитуваат.
Секс со шефот
Поради вакви соништа, жените најчесто поцрвенуваат следниот пат кога ќе го видат шефот. Ваквиот сон не значи дека ве привлекува таа личност, туку неговата позиција. Ве привлекува моќта, влијанието врз другите, па затоа преку сексот можете најлесно да се приближите кон таа цел.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка