Живот
5. January 2018 - 21:54

Дознајте од колку луѓе земате повисока плата

На веб страницата www.globalrichlist.com можете на многу лесен начин да пресметате во кој процент од најбогатите луѓе во светот спаѓате.

Има два методи за пресметка.

Едниот е врз основа на годишниот нето приход (годишната плата).

Другиот е врз основа на вредноста на имотот што вие го поседувате.

Според последниот извештај на Организацијата Oxfam, нееднаквоста во распределбата на доходите се зголемува од година во година, а тоа значи дека богатството е концентрирано во се помалку раце.

Доволно за тоа говори и фактот дека Бил Гејтс има подеднакво богатство како и најсиромашната половина од светската популација.

Во кој процент од светската популација спаѓате вие?