Доживотен затвор за убиецот на двајца Чеси во Албанија
Албанскиот суд денеска го осуди на доживотен затвор 20-годишниот Сокол Мјацај за убиство на двајца чешки туристи, што го изврши летово, јавија чешките медиуми, повикувајќи се на информации од чешката амбасадорка во Тирана, Бронислава Томашова.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, обвинетиот ја признал вината за време на судскиот процес, но тврдел дека имал намера само да ги ограби 27-годишниот М.С и 36-годишната А.К во јули кога откако ги принудил да го земат со нив и се обидел да им го одземе автомобилот.
Наводно, најпрво од страв да не му го земе оружјето го убил мажот, а подоцна од случаен истрел загинала и жената.
Адвокатот на обвинетиот во завршните зборови го обвини судот за пристрасност и за употреба на двојни стандарди, кога на клиентот не му била скратена казната, откако го признал делото и не му било дозволено психолошко испитување.
Судот во Скадар на Мјацај му додели две казни. Првата од десет години затвор за илегално држење на оружје и доживотен затвор за разбојништво со смртни последици.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.