Доживотен затвор за малоумникот кој го уби својот син (7) и со него ги нахрани свињите
Мајкл А. Џоунс (46) од Канзас Сити во САД е осуден поради убиство на својот 7-годишен син, а монструозното злостроство е уште пострашно зошто со неговото тело потоа ги наранил свињите.
Тој во петокот е прогласен за виновен за убиството на малечкиот Адриан Џоунс, чие унаказено тело е пронајдено во шталата која ја изнајмувала брачната двојка Џоунс (татко на детето и маќеата Хедер), пренесува весникот Канзас сити Стар.
Уверени се дека малечкиот умирал во страшни маки, од глад.
Според документацијата на суот, Адриан умрел меѓу 18 септември и 4 октомври 2015 година, но е пронајден дури месец дена подоцна.
ДНК анализата потврди дека неговите остатоци се наоѓаат во шталата на имотот на ова семејство, а таа сцена е окарактеризирана како една од најстрашните кои агентите ја виделе во својата кариера.
Бабата на детето Џуди Конвеј им рече на новинарите дека е среќна само поради тоа што злосторникот остатокот од животот ќе го помине зад решетки.
-Тоа нема да го врати назад мојот внук, но се чувствувам навистина добро знаејќи дека никој од нив двајца нема да има шанса повторно да наштети на некое дете..
Хедер Џоунс е осудена на 25 години затворска казна за убиство, но и се дадени уште 5 години заради злоставување на дете.
Ново на Сител
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата