Македонија
6. јуни 2016 - 16:29

Доживотен затвoр за двојно убиство во Тетово

Судска пресуда заубиството на двајца браќа во пресметката на две групи блиски роднини во тетовско Мерово во мај 2015

Доживотен затвор доби 30 годишниот Шабан Авдија од тетовско Мерово за убиство на неговите двајца братучеди Блерим и Бесник  кое се случи на 7 мај 2015 година кога две групи блиски роднини се пресметаа со физички напади и со користење оружје. Во групата на осудениот Шабан за убиство во обид, 7 години доби братот Самир и 5 години братот Фаик. Братот Фесал за незаконско поседување оружје е осуден на 3 години затвор.

Од групата кај убиените браќа, се судеше на таткото, Меди кој доби 1 година и шест месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда, за што адвокатот најави жалба.

Убиените се на 24 и 25 годиѓшна возраст, а причина за пресметката биле недоразбирања поради имотни односи.