Македонија
13. August 2017 - 16:09

Дождот ги изгаси најголем дел од пожарите, останатите под контрола

Дождовите ставија крај на голем дел од пожарите низ Македонија. Вренежите кои од утрово ја зафатија територијата на нашата земја помогнаа во локализирање и гаснење на активните жаришта.

Под контрола се сите пожари на подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, каде изминативе денови ситуацијата беше најкритина. Под контрола е ставен и пожарот кај с.Никодин, а за пламените јазици кои се шират  во правец на с.Фариш ангажирани се вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп

Утринскиот дожд придонесе за гаснење на огнената стихија и во струшкиот и тетовско-полошкиот регион.

Од ЦУК информираат и за неколку пожари кои сеуште се активни. Таков е случајот со жариштетот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село. Таму гори сува трева, а на терен има екипа од ТППЕ Прилеп

Шумскиот пожар во атарот на с.Норово, каде гори сува трева и ниско дабова шума, исто така е под контрола. Екипите се на терен, а во зависнот од процените, постои можност за ангажирање на подршка од воздух со авионите на ДЗС.

Локализиран е и пожарот на Бистра Планина, каде гори пасиште и нискостеблеста деградирана дабова шума.

И покрај подобрената ситуација, од надлежните институции потсетуваат дека сеуште е на сила забраната за движење низ шумите, посебно што од утре се најавува нов топлотен бран.