Македонија
15. March 2021 - 8:09

Дожд, северен ветер и пад на дневните температури

Под влијание на влажен бран денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Денес и утре ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.

Утринските температури во земјава ќе се движат од -1 до 7 степени, а дневните од 2 до 11. Во Скопје слично време со максимална дневна температура од 8 степени.

Студено време, но без врнежи, со минусни утрински температури според метеоролозите ќе се задржи до петок.