Живот
11. July 2019 - 22:16

Дожд на кој сите му се израдуваа: Пари паѓаа од небо на автопат, возачите запираа да го собираат, изгубени 175.000 долари

Возачите кои пред два дена се затекнале на автопатот 285 во Атланта, САД имале можност да доживаат она за што други може само да сонуваат - пари да им паѓаат од небо.

Имено, во незгодата која му се случила на блиндирано возило на обезбедување, се отворила вратата и парите кои ги превезувал почнале да летаат наоколу.

Изледало, а и така некои го опишале како дожд од банкноти, а возачите почнале да излегуваат од автомобилите и да го собираат пленот на кој не се надевале. Дури во еден момент и возачот кој ги превезувал парите го запрел комбето и им се придружил.

По ова се огласи и компанијата и соопшти дека се загубени околу 175.000 долари.

Оние кои не биле зафатени со собирање банкноти настанот го снимале со мобилните телефони.

Додека ветерот си играл со возачите кои ги бркале парите, на прометниот автопат настанал хаос зошто запреле околу 15 автомобили.

Екипата која ги превезувала парите рекла дека им се отворила страничната врата на комбето, но тие заедно со полицијата која пристигнала, успеале да соберат само неколку стотици долари, рекоа надлежните.

Еден од очевидците вели дека сцената била како од филм.

„Најпрво помислив дека ливчиња паѓаат на патот. Ми требаше речиси минута да сфатам дека се пари. Иако очекував хистерија и хаос, беше зачдувачки мирно како возачите запираат еден по еден и почнуваат да ги собираат парите“, раскажува Рандрел Луис.

Полицијата има полни раце работа чешлајќи ги видео снимките на социјалните мрежи со оглед на тоа што земањето на пари во вакви ситуации се смета за кривично дело. Досега се пријавиле шест лица кои вкупно вратиле 4.400 долари.