Македонија
17. December 2017 - 7:53

Дожд и снег во Македонија

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните подрачја врнежите ќе бидат пообилни, особено попладне и преку ноќта. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне. Температурата ќе се движи од шест до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне. 

Температурата ќе достигне до девет степени.