Македонија
21. November 2019 - 13:48

Доверители одлучуваат дали Екоцентар 97 ќе продолжи со чистење на хемискиот отпад од ОХИС

Во тек е рочиштето на Собранието на доверители каде треба да се одлучи дали компанијата Екоцентар 97 ќе добие дополнитечни 4 месеци за чистење на хемискиот отпад од ОХИС.
 
Поранешните вработени бараат да се раскине соработката со компанијата и таа да ги врати парите кои ги добила уште пред да почне со работа. Станува збор за околу 2 милиони евра, пари кои се доволни за исплата на годишна плата за 1000 охисовци. 
 
Велат дека компанијата е некомпетентна и постојано доцнела во постапката, за која сама си има дадено рок.
 
Освен одлуката за Екоцентар 97, ќе се одлучува и дали в.д. стечајниот управник Маринко Саздовски ќе биде назначен за стечаен управник.
 
Сопственикот на Екоцентар 97, Владо Момировски остана недостапен за Сител.
 
Даниел Василев